Откако Милица Тодоровиќ раскина со кореографот Милош Пауновиќ, пејачката се труди на сите начини да се врати на своето порнашено момче Раде Ковачевиќ, пишуваат српските медиуми.
Како што пишува курир.рс, Милица секој ден се јавува на Раде и го моли да се смират. Од друа страна, наводоно Раде на сите можни начини и покажува дека не сака да се смири со неа бидејќи има нова девојка.
Тодоровиќ е решена повторно да биде со Раде, а наводно дури е подготвена да се пресели во близина на неговиот дом за да може секој ден да го гледа. Милица е одлучна дека мора да се смири со Раде бидејќи само со него била среќна.
Извор за „Ало“ тврди дека Тодоровиќ веќе неколку дена му праќа пораки на Раде и го бара на телефон.
„Таа е подготвена да му се јави 10 пати на ден и да го замара со разни прашања. Кога раскина со момчето, му се јави на Раде да го прашува за совет како да се однесува во јавност, што да зборува…На почетокот, нивните разговори беа безврска, се додека Милица не почна да зборува за нивната некогашна љубов…“ вели извор и објаснува дека Раде нема намера да се смири со пораншената енергија.
„По раскинувањето со Милица, Раде продолжи понатаму и сега е во сериозна врска. Во Милица гледа само добар пријател и нема намера да се враќа на старо. Меѓутоа, Милица има намера да се пресели во близина на домот на Раде за да му биде поблиску. Меѓутоа, на Раде ни најмалку не му се допаѓа таа идеја“ вели изворот.
„Кога слушна што планира Милица да направи,Раде не ја прифати добро таа идеја. Тој на своите прјатели им кажа дека нема да му пречи ако Милица биде во неговото маало, но да биде што подалеку од зградата во кој тој живее бидејќи нема намера да ја гледа секој ден“ тврди изворот.
Милица ги потврдила овие пишувања, односно дека со поранешнто момче се слуша често.
„Точно е дека со Раде се слушаме многу повеќе од претходно“ изјави Милица.
За потсетување, Милица и Милош раскинале пред 2 месеци, а како причина за нивното раскинување се наведува дека се ненадминливите разлики за иднина.