Радио Милева спомени

Милица Павловиќ се присети на тешката сообраќајка и откри дека никогаш повеќе не седнала зад воланот! (фото)

Милица Павловиќ се присети на тешката сообраќајка и откри дека никогаш повеќе не седнала зад воланот! (фото)

Пејачката Милица Павловиќ неодамна стана заштитно лице на компанија за производство на еколошки автобуси. Во таа прилика тргнала да се прошета низ градот, но открила и зошто повеќе не оди никаде со својот автомобил.

Таа  го положи  возачкиот испит  и за тоа секако се пофали на социјалната мрежа Инстаграм, но веќе не седи зад воланот.

„Ќе ви откријам сега. Еднаш се удрив во ѕидот во гаражата на зградата во која живеам и сега ми се вратија спомените од несреќата што ја имав и со тие две операции кои ги имав кога за малку ќе ја изгубев раката. Чекам да ми помине. Сега имам возач – објасни Павловиќ, која ги одбрала последните места во еколошкиот автобус, кои обично се резервирани за „непослушните деца“.

На прашањето дали е таква, таа одговори:

Да, навистина сум. Секогаш седев позади. Исто така, сакав и да шепотам и да викам на час. Не знам дали некогаш сум го кажала тоа. Не се сеќавам дали беше првата година, но мислам дека беше. Имав ужасно ниска оценка за поведение. Секако заслужена. Бев „галамџика“.
Инаку да знаете колку пати се возев во градскиот автобус… Се возев и на 13, 14 години кога бев во пеачката школа на Александра Радовиќ. Ги запишав броевите на автобуси, тролејбуси, станици, за да знам на кој да се  симнам и каде треба да поминам за да се качам на следната. Немам впечаток дека тоа било одамна – изјави убавата Милица.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/senoritamilica

To top