Пејачката Милица Павловиќ пред неколку дена ја загуби својата најблиска личност, нејзината баба Рада која ја одгледала од малечка.
Пејачката освен тоа веќе неколку денови објавува фотографии и видеа кои и се единствениот спомен од нејзината баба.
Освен тоа сега објави и нова фотографија под која напиша потресен опис.
View this post on Instagram
-Животот навистина пишува романи, а јас до сега во повеќе наврати имав ситуации кои ми докажале дека животот на момент може да ви се преврти наопаку. За година и половина останав без луѓе кои беа мое семејство, мој дом, мој тим. Во ноември 2020 замина мојот Дуде, а денес исто сценарио, исти луѓе, само замина мојата Рада. И сега имам два ангели на рамото, напиша Павловиќ.
Таа понатаму пишува дека од утре пишува нови победи, бидејќи и понатаму тие се тим и ја чуваат од небото.
View this post on Instagram
-Имам една мала молба за сите луѓе кои ме познаваат, сакаат, поддржуваат, само немојте ништо да ме прашувате. Пуштете ме да научам да живеам со оваа ситуација и начин, а оваа болка ќе успеам некако да ја припитомам, барем се надевам дека сакам, морам, напиша таа.
фото:Инстаграм/Милица Павловиќ