Фолк пејачката Милица Павловиќ секогаш истакнува дека е горда што стекнала сè што има исклучиво сама, преку своја работа, пеење, настапи и инвестиции.
Милица открива како скоро без размислување подигнала кредит за да го сними нејзиниот трет студиски албум, само за да може да и го даде најдоброто на својата публика.
„Зедов кредит за мојот трет студиски албум. Тоа беше момент кога навистина заработував убави пари осо кои и убаво живеев, но тогаш сфатив дека спотовите треба да бидат на повисоко ниво од претходниот албум и дека немам доволно пари за такво нешто во тој момент.
Добро… отидов во банка: Добар ден, можам ли да земам кредит… и го подигнав“ – беше искрена „секси сењорита“ во емисијата „Ѕвездите на Гранд – Специјал“.
Фото: Инстаграм принтскрин/senoritamilica