Милица Павловиќ за време на вонредната состојба и полицискиот час, деновите на изолација ги минува во нејзиниот стан, но не е сама. нејзе друштво и прави песот по име Баџа, кој го доби на привремено чување.
Пејачката, која е многу приврзана кон нејзините баба и дедо, кои ја чувале од малечка и ја пораснале, откако нејзината мајка ја напуштила, откри дека се досетил на многу уменн начин како да се увери дека нејзините баба и дедо не излегуваат од дома, бидејќи на пензионерите им е забрането да се движат, и мора да се придржуваат кон мерките на ограничување.
„Баба и дедо се одлични… Дедо беше малку исплашен затоа што му реков дека ќе го пријавам полицијата ако излегува од дома и сега не оди никаде“, откри пејачката низ смеа.
„Моите родители, да бидам искрена, никогаш не ми недостасуваа во животот. Знам дека звучам како ладнокрвна личност, иако не сум. Тие се разведоа и тоа е нивно право. Јас немам право да судам никому. Подобро развод, отколку лош брак. Бабата и дедото се родители на татко ми. Дојдов во нивниот дом како дете. Тие можат да кажат дека јас сум нивно трето дете и дека во моето воспитување ги поправиле сите грешки што ги направиле кај татко ми и тетката ми. Затоа имам огромна одговорност кон нив во овие тешки моменти на корна кризата низ која сите минуваме“-резимира Милица!