Македонскиот победник во „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески неодамна ја издаде својата нова песна „Неизлечиво“ која има одличен фидбек кај публиката.
Тој од пред 4 месеци живее во Белград, а деновиве гостува во емисии каде ја промовира својата нова песна.
Така, во една емисија Милица Тодоровиќ го праша дали сака да му биде зет за нејзината сестра.
Деновиве Ристе даваше интервју за „Гранд“ и на прашањето која личност од естрада му се допаѓа, тој истакна дека тоа е Милица Павловиќ.
Павловиќ не остана должна на овој комплимент, па истакна доколку Ристе е слободен нека се потруди.
„Многу му благодарам, прекрасно момче, има прекрасен талент. За мене тоа е комплимент. Нека се потруди ако е слободен. Така да, слободно активирај се“ истакна пејачката, па јавно му порача.
„Биди храбар како што се сите во Македонија, немој да ги срамотиш луѓето“ истакна Милица.
Милица истакна дека нема врска што Ристе е пет години помлад од неа.
За потсетување, Ристе претходно беше во врска со една девојка од Охрид со која раскина пред заминувањето во Белград.