Радио Милева

Милица Павловиќ конечно има среќа во љубовта: „Секси сењорита“ е во врска со синот на познат фудбалер?

Милица Павловиќ конечно има среќа во љубовта: „Секси сењорита“ е во врска со синот на познат фудбалер?
фото: принтскрин/инстаграм

Пејачката Милица Павловиќ откако е на естрадната сцена досега јавно не покажа момче, но изгледа дека на пејачката конечно и се насмеа среќата на љубовното поле, па покрај себе има партнер.

Наводно, Павловиќ веќе три месеци ужива во љубовна врска со Николас Савељиќ, синот на познатиот фудбалер Ниша Савељиќ.

фото: Инстаграм

Според неофицијални информации, тие неодамна започнале врска.

Пејачката не сака многу да зборува за својот приватен живот, па така и беше овојпат кога ги прокоментира гласините дека има момче.

„Николас и јас имаме заеднички пријатели. Точно е дека се познаваме и дека се сретнавме на неколку наши заеднички прослави. Тој е добро момче, убаво воспитан и тоа е се што ќе кажам за приказните за наводната врска“, изјави Милица.

фото: Инстаграм

Николас Савељиќ е роден во Франција. Љубовта кон спортот ја наследил од неговата мајка која се занимавала со пливање, додека нејзиниот татко бил успешен фудбалер.

Тој моментално е во САД, каде студира на признат колеџ „UCLA“ а исто така игра ватерполо.

Останати вести од Радио Милева