Радио Милева бира што ќе глуми

Милица Павловиќ го одбила Милош Биковиќ… за улога: „Повеќе би се согласила да играм чистачка која му ги брише чевлите и само молчи, отколку она што ми го понуди“

Милица Павловиќ  го одбила Милош Биковиќ… за улога: „Повеќе би се согласила да играм чистачка која му ги брише чевлите и само молчи, отколку она што ми го понуди“

Милица Павловиќ вели дека малку недостасувало прватаактерска улога  да не и биде во серијата „Пејачка“, туку во филмот „Хотел Белград“!

Секси сењорита тврди дека Милош Биковиќ и понудил да игра „добра риба“ во неговиот филм пред година и пол, но таа одбила затоа што сакала поинаква улога.

„Биковиќ ми понуди убава, мала улога. Иако имав чест да бидам поканета од актер кој има фантастични резултати и достигнувања во својата кариера и кому му аплаудирам за се’ што постигна, го одбив! Не ми беше предизвик да играм добра риба… Повеќе би се согласила да играм чистачка, која му ги брише чевлите на Биковиќ и постојано молчи, отколку она што ми го понуди“ – рече пејачката и додаде дека не го одбила само Биковиќ:

„Драган Бјелогрлиќ ми понуди исто така улога во филмот „Тома“, но јас не бев заинтересиранa. Сепак, Гага Антонијевиќ многу ме заинтригира со серијата „Пејачка“. Него не го одбив, но не верувам дека јас сум причината зошто Бјелогрлиќ го претепа Гага“.

Милица откри и како ја добила главната улога во серијата што утре ќе започне да се емитува на ТВ Пинк.

Се согласив да одам на кастинг, кој траеше еден месец. Ми беше тешко да застанам на иста линија со големи актерски имиња, но успеав.
За Павловиќ не беше лесно да се бакне со Милош Тимотиевиќ, кој во серијата го игра продуцентот Владо Видак.

„Можеби не се однесувам така, но јас сум срамежлива … Иако сценариото пишуваше „блиска прегратка“, Тимотиевиќ ме бакна! Бидејќи е многу силен, немав каде… Се збунив, не го очекував тоа. Подоцна имаше повеќе бакнежи, но исто така ме фати „на финта“. Морам да признаам дека Милош супер се бакнува“ – вели Милица и открива дека всушност не ја глуми убиената пејачка Јелена Марјановиќ во серијата.

 

 

To top