По многубројните колеги на свадбата на Сашка Веселинов и Ѓорѓе Ѓоковиќ, запеа и Милица Павловиќ.
На вчерашната прослава на црногорското приморје каде семејството Ѓоковиќ го славеше бракот меѓу Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов, кои го кажаа судбоносното „да“ беше ангажирана Милица Павловиќ, која атмосферата ја доведе до лудило.
Милица Павловиќ беше специјална гостинка на вториот ден од свадбата на помалиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ.
Милица, една од најпознатите пејачки во Србија, ги отпеа своите хитови.
Иако се работи за млада пејачка, хитот на Милица „Проверено“ го знае и мајката на младоженецот Дијана Ѓоковиќ. Па оваа песна ја отпеа заедно со пејачката Марија Микиќ на едно од видеата.
Забавата се одржа на плажа, а Милица се потруди да ги израдува гостите. Таа ги пееше своите хитови и ги тресеше колковите за гостите кои беа воодушевени од нејзиниот настап.
Невестата не го криеше ентузијазмот, па цело време имаше насмевка на лицето.
Да потсетиме, на свадбата покрај Милица и Марија пееја и Сергеј Ќетковиќ, Жељко Самарџиќ, Саша Ковачевиќ, а настапи и познатиот хармоникаш Александар Софронијевиќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/whoisilija