Милица Дабовиќ откри некои детали од нејзиниот живот кои до сега не ги знаевме, а во таа прилика откри и каде згрешила во минатото, кога се во прашање машко-женските односи.
– Моите мажи ми земаа се, јас само ги ширив нозете цело време, сакав, давав и буквално ми земаа се, вклучително и почит, љубов и пари. Јас сум само тоа што сум, во тие моменти сакав се, да свети, да биде како во бајка, и мојот принц кој го најдов, и мојот претходен партнер и таткото на моето дете, но не успеав во тоа. Затоа сега сум многу внимателна, и сега слушам и многу ми е интересно и учам затоа што од ден на ден кога имаш толку лошо искуство во животот и кога твоите партнери на крајот од денот ќе ти земат се заработено со твоите две раце и две нозе и си играл само кошарка и ти го направиле животот пекол, ти сега ќе мислиш поинаку, па дали би го дозволила сега истото, не. Дали сум таква денес? Не сум – изјави Милица Дабовиќ во емисијата „Магазин Ин“.
Милица смета дека ако мажот не е задоволен во бракот, тогаш ќе најде друга.
-Го имаш и тоа, ако не им дадеш првиот пат, ќе оди да бара друга. Ќе најде некоја каде што ќе се испразни – додаде Дабовиќ.
Да потсетиме, поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ неодамна реши да отвори профил на социјалната мрежа за возрасни „Онли фанс“ каде девојки и мажи ги продаваат своите интимни фотографии и видеа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм