Александар Милиќ Мили многу е посветен на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и на работата со кандидатите.
Затоа не е ни чудно што нивниот успех го доживува и како личен, па токму поради еден негов кандидат се повреди, односно ја разби чашата од главата.
Имено, музичарот на својот „Инстаграм“ се пофали со раната која настанала од стакло.
Мили бил воодушевен од изведбата на неговит кандидат Иван Шимиќ поради што разби чаша од неговата глава.
„Наздравивме и разбивме чаша од глава. Мојот кандидат Иван Шимиќ на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ воодушеви и во текот на неговит настап наздравиме заедно и разбивме чаши. Јас полошо поминав“ напиша Мили покрај фотографијата на која се гледа повредата.
Инаку, оваа година во музичкото шоу наместо Јелена Карлеуша седи Цеца Ражнатовиќ.
фото: Принтскрин/инстаграм