Радио Милева

Mили им се закани на Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ: „Снимката ќе биде објавена и сите ќе ве видат“

Mили им се закани на Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ: „Снимката ќе биде објавена и сите ќе ве видат“

Александар Милиќ Мили отиде чекор подалеку, па јавно им се закани на Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ затоа што не гласаа за неговиот кандидат.

Имено, кандидатот на Мили доби само два гласа кога пееше во дуелот со Босанчев, поради што мораше веднаш да го напушти натпреварувањето. Ова толку многу го разбесни Мили, што тој им се закани на фолкерите пред сите:

фото: принтскрин/ѕвездегранда

“Срамота за сите што сте во жирито што не гласавте за ова талентирано момче! Особено вие Бекута и вие Снежана кои сте народни пејачи и кои не му дадовте глас на ваков пејачка. Ќе ве има јавно на Јутјуб за сите да можат да го видат и слушнат вашиот срам! Сега претеравте“, извикал Мили, а пренесува „Стар“.

Меѓутоа, Снежана не останала должна, па веднаш му вратила.

фото: принтскрин/ѕвездегранда

“Немам од што да се срамам. Твојот натпреварувач не пееше ниту една песна како што треба и би те замолил да бидеш културен и повеќе да не коментираш за моето мислење”.

Како што стојат работите, до финалето може да се очекува се и сешто.

To top