Летото е период кога сите очајно го чекаме годишниот одмор, да и кажеме чао на работата на десетина дена или повеќе, да ги спакуваме куферите и заедно со вистинските личности да заминеме на посакуваната дестинација.
Правецот најчесто е на море, а со почетокот на месец август и најголемите горештини, плажата е некако најдоброто место за разладување или секако планината.
ТВ водителката Милена Антовска Станковска го избра морето кај јужниот сосед каде беше заедно со сопругот и двете ќерки, а комбинираше неколку дена и на нашето охридско езеро.
Ако минатата година не беше задоволна од својот изглед во бикини од постпартум периодот, годинава веројатно и тоа како сака да покаже што има.
Имено, мама Милена објави фотографија на која носи мини црно бикини кое ја истакнува нејзината стројна става и витка линија.
Лана Марија и Јоана залепени до мама со сите попратни реквизити, па иако децата секогаш се во фокусот, овој пат згодната мама беше во центарот под жешкото сонце додека се разладуваа во море.
-Морето и сонцето го вадат најдоброто од мене, напиша кусо таа во описот на фотографијата.
Најдоброто во синергија со се’ останато, води до ултра задоволство и мерак на душа од ова лето 2023-то, па со нови сили повторно на работа.
фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска