Радио Милева среќни моменти

Милена Антовска славеше роденден на ќеркичката: Лана Марија наполни шест години (видео)

Милена Антовска славеше роденден на ќеркичката: Лана Марија наполни шест години (видео)

ТВ водителката Милена Антовска Станковска  заедно со семејстото  и пријателите го прослави 6- от роденден на постарата ќеркичка Лана Марија која веќе е пораснато девојче.

По тој повод, водителката на својот „Инстаграм“ профил објави видео на која позираат двете нејзини ќеркички, а во описот на англиски јазик напиша:

„Лана Марија наполни 6“ .

Милена во објавата ја покажа прекрасната декорација од прославата  за која водителката напиша дека е многу задоволна.

Со многу балони, торта и тема од омилениот цртан на Лана Марија „Малата сирена“  уживаа на роденденската забава.

За оваа прилика, Милена и двете ќерки ги дотерала во волуменозно здолниште од тул  и маичка со принт од убавата сирена  Ариел.

Под објавата се редеа честитки од нејзините следбеници, пријатели и обожаватели со искрени желби до нејзината наследничка.

Среќен роденден!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска

To top