Омилената ТВ водителка на утринска програма, атрактивната Милена Антовска- Станковска реши да си даде пауза од работните обврски, да здивне од камерите и секојдневната рутина.
Тоа го направи плански и со смислена агенда за патување и тоа сами со сопругот Гордан.
Нивните билети беа резервирани за Италија, дестинација која периодов е ултра актуелна за туристите. Нивната станица за старт беше Светитот град или панската дрѓава Ватикан.
Милена оттаму објави серија фотографии и видео од нивната обиколка низ градот и посета на знаменитостите кои мора да се видат.
View this post on Instagram
-Познат е како Светиот град и мислам дека речиси секој што бил во Рим го посетил токму Ватикан… Иако сум била пред повеќе од 15-ет години повторно сакав да го посетам седиштето на папата, кој претставува поглавар на Римокатоличката црква. Нема многу да ве заморувам со историски факти, но ќе кажам дека многу ми е криво што не успеав да влезам во замокот Сан Анџело (фото бр. 2) затоа што само во понеделник бил затворен за туристи, а ние баш тој ден отидовме бидејќи не проверивме Но, здравје ете причина плус пак да одам. Како утеха се сликнав за спомен и на мостот Елиус (сегашното име на мостот е мост Сан Анџело).
Фотографиите остануваат за спмен, а доживувањата засекогаш во мислите да се прераскажуваат како убави анегдоти од едно прекрасно патување.