ТВ водителката од утринската емисија „Здраво Македонијо“, Милена Антовска – Станковска многу често знае на своите следбеници и фанови да им предизвика возбудлива глетка потсетувајќи ги на некоја од првите нејзини фотосесии.
Овој пат, убавата водителка се присети на една фотографија пред десетина години, а она што остави впечаток е дека таа воопшто не се променила.
Убиствениот, сериозен поглед ја разбуди страста кај посилниот пол, а под фотографијата напиша:
– Една од фотографиите од мојата прва фотосесија пред десетина години. “The eyes chico, they never lie!” – Цитирајќи го познатиот актер Ал Пачино, а сите ја забележаа нејзината природна убавина, па и напишаа дека ова е “поглед кој убива“.
Откако Милена ја „ископа“ оваа страсна фотографија со поглед што плени, покажа нова фотосесија на која блесна за време на снимањето и позирањето пред селфи камерата, па им го привлече вниманието на многумина со нејзиниот стајлинг и позирањето полно со самодоверба. Милена ги остави сите без зборови и ги распамети со нејзиниот провокативен изглед.
Водителката за оваа фотосесија избрала тесно здолниште со високи шлицови, додека сето тоа го искомбинирала со горен дел кој повеќе открива отколку што покрива, поради што во преден план беа голиот стомак и нејзинато бујно деколте.
Инаку, Милена е горда мајка која со нејзиниот сопруг Гордан ја имаат Лана Марија, нивната прва ќерка која има пет години и малата Јоана со само 11 месеци од кои ја добива најискрената насмевка и прегратка.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска