ТВ водителката Милена Антовска-Станковска како новинар и водител секојдневно е на своето работно место. Бидејќи комуницира со повеќе луѓе дневно, таа храбро, но со заштита е една од оние меѓу првите редови пред коронавирусот.
Затоа, заштитата е на прво место!
Пред неколку дена еден од вработените новинари во нејзината матична телевизија е првиот заболен новинар во земјава, па мерките за заштита во телевизијата се на максималнио ниво.
Сепак, Милена наиде на такви кои се потсмевале за визирот кој го носи додека е во контакт со соговорниците, а други пак ја прашуваат дали го носи визирот за пари, односно го рекламира.
Веројатно иритирана од ваквите коментари на нејзина сметка, Милена им се обрати јавно:
-Да ги поздравам сие кои ми упатија„смешни“ коментари за визирот кој го носам додека снимам и разговарам со 10 луѓе дневно. Да, визир се вика, а не шлем.Шрво и основно…Го носам затоа што морам, а не затоа што сакам. Второ и исто така важно, го носам затоам што тоа е препорака од надлежните и моите претпоставени. Трето, ќе нисам и скафандер ако треба за да се заштитам…Четврто и најсмешно е дека добив прашање дали го носам за пари, односно дали го рекламирам визирот! Замислете , пишува Милена во своето обраќање на профилот на Инстграм.
И покрај големиот број заразени во светот и кај нас и бројот на смртни случаи од коронавирусот, за жал сретствата за заштита се уште се нешто смешно.