Времето лета, а особено кога имаме и некој поголем повод тогаш ни се чини дека е само еден краток момент.
Родителството е една работа во која созреваме и ние заедно со нашите деца, а нивното растење е и наше растење и созревање во реалниот свет. Но, иако ни се чини дека туѓите деца растат побрзо, времето сепак си тече и за миг нашите деца веќе се подготвени да седнат во училишните клупи.
Токму тој миг нашата позната македонска ТВ водителка Милена Антовска Станковска го сподели на социјалната мрежа Инстаграм, на која се забележува дека блика од среќа.
Познато е дека Милена е посветена мајка на две прекрасни дечиња со кои се гордее и често ги покажува на социјалните мрежи. Но, сега таа го сподели моментот кога рака под рака со постарата ќеркичка Лана Марија весело се упатија кон училиштето за да ја запише во прво одделение.
Милена веднаш ја сподели радосната вест и со нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм им откри дека Лана Марија од септември ќе стане прваче.
„Лана Марија од септември ќе стане прваче“ – со задоволство напиша таа и и постави неколку прашања на кои малото девојченце слатко и одговараше.
„Каде ќе одиме“ – гордо ја праша таа. „Во училиште!“ – и одговори девојчето.
„Што ќе правиме?“
„Ќе се запишуваме“.
А на прашањето дали е среќна, доби потврден одговор: „Многу!“
Тргнувањето во училиште денес е голем предизвик и за родителите бидејќи образованието секогаш е многу поинакво од она со кое се стекнале мајките и татковците , а новите генерации имаат привилегија да живеат секогаш во побогато и подостапно општество.
Останува само да се радуваме да не да живееме во стравовите од иднината и да им помогнеме позитивно да го искористат нивното знаење и умеење.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска