Деновиве главна тема во сите медиуми е коронавирусот кој владее во светот, а граѓаните се придржуваат кон препораките за заштита од короната.
Пејачот Милан Станковиќ на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која носи брендирана, памучна маска на лицето, па покрена лавина од коментари.
„Ми се смачивте со короната“ напиша Милан во описот на фотографијата, па наиде на негативни коментари од изнервираните фанови кои оваа ситуација ја доживуваат многу сериозно.
„Дали е реално дека постојат и брендирани маски. Неверојатно е на што луѓето трошат пари. Океј е да троши пари на она што сака, но без врска е да се троши пари на маска која во аптека чини 50 денари. Уште фали да поради маските се делиме на богати и сиромашни“ порача една девојка.