Радио Милева
Нов љубовен пар?

Милан Мариќ го освои срцето на ќерката на Драган Бјелогрлиќ: „Тома“ ќари ќерката на режисерот (ФОТО)

Милан Мариќ го освои срцето на ќерката на Драган Бјелогрлиќ: „Тома“ ќари ќерката на режисерот (ФОТО)

Милан Мариќ и Миа Бјелогрлиќ веќе некое време се заедно, иако за тоа до неодамна знаеле само неколку нивни пријатели. Како што пишува српски „Блиц“, ѕвездата на филмот „Тома“, 31-годишниот актер Милан Мариќ е во среќна врска 25-годишната Миа Бјелогрлиќ, ќерка на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, кој му ја додели главната улога што на актерот му донесе слава.

Иако се запознале уште на снимањето на филмот „Тома“, во кој Мариќ го игра познатиот пејач Тома Здравковиќ, а автор на филмот е таткото на Миа, Драган Бјелогрлиќ, тие се зближиле на една прослава, по дочекот на Новата 2022 година.


Само неколку од нивните најблиски пријатели знаеле дека се лудо вљубени, а Миа и Милан дале сè од себе за да ја задржат својата врска подалеку од очите на јавноста и медиумите, но не успеале.

„Сум бил во врска со постара девојка, сум бил и со помлада, имав прекрасни врски, прекрасни односи со некои прекрасни луѓе. Во сите тие врски, многу повеќе ме интересираа други работи отколку разликите во годините или слични ситници“, во една прилика откри актерот.

Драган Бјелогрлиќ за новиот зет засега е без коментар.

Фото: Инстаграм принтскрин/eugensmesni/studioprostor/srpski.glumci

 

Останати вести од Радио Милева