За велешката „Гранд“ ѕвезда Мики Секуловски се пишува и во домашните медиуми, а и во регионот. Причина за тоа се маестралните изведби на Мики во „Ѕвездите на Гранд“ од кои е на сигурен пат до финалето на најгледаното и музичко талент шоу. По последното и најново претставување на големата сцена и пред големите музички ѕвезди од жирито, Мики за „Гранд онлајн“ ги сподели впечатоците и проговори за соработката со Цеца Ражнатовиќ која е негова менторка.
Мики не крие дека е многу изненаден од начинот на кој Цеца работи со кандидатите.
– Цеца е одлична личност, не очекував да ме почитува, таа веќе е бренд на Балканот. Не очекував да биде толку пријателски настроена кон кандидатите, да помага и да дава предлози, па пријатно сум изненаден од неа – изјави Мики, а потоа искоментира дека Цеца рекла дека ќе и биде гостин на еден од следните концерти:
– Боже, не знам. Едноставно сум почестен. Сите знаете која е Цеца, што е на овие простори, па ако има можност да гостувам на нејзиниот концерт, ќе ми биде чест и задоволство.
Секуловски во разговорот се осврна и на останатите членови на стручното жири, кои му оставија многу силен впечаток.
– Нивните комплименти ми значат многу. Најважен е изборот на песната, така што повеќе време посветувам на изборот на песната отколку на вистинската пракса. Коментарите во Македонија се одлични, па моите профили на Фејсбук и Инстаграм „пукнаа“ – рече тој и откри што може да очекува публиката од него во продолжението на натпреварот:
View this post on Instagram
– Да бидам искрен, би сакал да сменам нешто во репертоарот. За да не е само поп-рок стил, можам да отпеам некои наши стари македонски песни. Значи не знам, би сакал да пробам, не знам какви ќе бидат реакциите – потенцира Секуловски за Гранд онлајн.
фото: Printscreen/ Grand.online/ Instagram/ mikisekulovski
извор:Grand.online