Промотер

Мики Јовановски Џафер и во зрели години покажа дека е махер за рок ен рол, па Johnny B. Good го претопи во – „Џоле бре гол“ (ВИДЕО)

Мики Јовановски Џафер и во зрели години покажа дека е махер за рок ен рол, па  Johnny B. Good го претопи во – „Џоле бре гол“ (ВИДЕО)

Некои  музички ѕвезди се како оние вистинските ѕвезди на небото… Можеби секој ден не ги гледате, ама сепак секогаш се тука кога ќе затреба. Или кога ним ќе им се разведри. Таков е македонскиот музичар и пејач, легендарниот Мики Јовановски Џафер, кој и покрај годините, покажа дека е се’ уште махер за рок ен рол, па го преработи стариот класик Johnny B. Good, кој стана – „Џоле бре гол“!

Се разбира Мики заедно со пријателите кои обилно му помогнале, сите проверени „музички манги“, направил интересен кавер на вечниот рок класик на легендарниот Чак Бери, само овој пат во стил на Балашевиќ, со текст на кавадаречки дијалект, за неговиот локален херој – „Џоле бре гол“!

Миксот и подготовката ги направил Пере од Нокаут во НК Студио Перевски, програмирањето го средил Петар Ренџов, гитара и гајда свири Ивица Јорданов, а видеоклипот го режирал самиот Мики Јовановски Џафер. Зад камерата и монтажата стои Даниел Јовески, додека главната улога во спотот во ликот на Џоле е Божидар Јорданов.

Голем дел од споменатат екипа се појавува и какпридружен бенд во видеото, во кое доминира приказната за „Џоле“ кој е „бос и гол “ за се’, само за гитара – не!

Дет’то,  а ја фане, гитарта, а топе…!

Но, да ви ја раскажуваме приказната до крај и не е некое решение, затоа подобро проследете како звучи и изгледа „Џоле бре гол“, во продолжение: