Наташа Мијатовиќ попозната како Мијата има нова песна.
Музиката е на Александар Пешевски, текстот на Весна Малинова, додека за аранжманот задолжени беа Дамир Пух, Наташа Миха, MIYATTА.
Мијата самата е режисер на видео записот за “Враќање дома“.
Во оваа песна покрај неа вокално ја надополнува и Теда, чиеполно име и презиме е Теодора Гошева Капсарова, инаку кантавторка и пејачка од помладата генерација.
„Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја“ – вели Мијата.
Во продолжение проследете ја „Враќање дома“ на Мијата: