Промотер

Мијата со универзална симболика во новата песна – „Regret“ (ВИДЕО)

Мијата со универзална симболика во новата песна – „Regret“ (ВИДЕО)

Македонската поп-пејачка Мијата има нов сингл, „Regret“ песна која се најде и на албумот „Небеска“.

„Regret“ e производ на мојата соработка со Давор Јорданoвски кој се потпишува како аранжер, а јас сум автор на музиката и текстот. Иако песната ја темпирав за март, како месец на жената, но со новонастанатата ситуација стиховите на „Regret“ добиваат уште подлабока и универзална симболика“ – вели Мијата.

Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во Big Bang Music Recording Studio во Торонто како и во Rock’n Roll студио од Скопје, кој воедно беше и издавач на албумот „Небеска“.

Видеото го изработил Иван Куртевски. Мијата вели дека му е благодарна до Бане Поповиќ кој дозволил да се користат материјали оригинално снимени од “Томато Продукција“.

Како изгледа видеото за „Regret“ проследете во продолжение:

To top