Наташа Мијат Крстевска – Мијата објави видео-приказна за нејзината песна ,,Дај ми ДА”.
Оваа тема е дел од кабаре концертот „Јаболки и круши за уметнички души“, кој по Берово и Кочани патува во Ресен но и во други градови низ Македонија. Турнејата ќе ја заврши во Скопје на крајот на ноември.
Видео спотот е извадок од перформансот „Јаболки и круши за уметнички души“, а и пораката е силна: „Слободата на секој од нас” – порачува Мијата.
Темата „Дај ми ДА“ е резултат на една од соработките на Мијата со Кокан Пандиловски, басист на легендарните македонски рок групи „Триангл“ и „Конкорд“, кој се потпишува како автор на музиката.
Аранжманот и продукцијата се исто така на уште еден бас гитарист, Трајко Симоновски-Таци познат од придружната група на Тоше, со кого Мијата соработуваше на голем број од песните на албумот „Небеска“, додека стиховите ги напишала самат Мијата.
„Јаболки и круши за уметнички души“ е кабаре перформанс чиј автор е Мијата, режијата е на Војо Цветановски и е дел од манифестацијата Новиот културен бран 2018.
Во кабаре концептот освен Мијата учествуваат и Мето Јанакиевски и Томе Станковски како пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов е на пијано, а Тања Рибарска е во улога на инспициент и дизајн на звук.
Зад камерата како директор на фотографија се појавува Сенад Расимов, додека монтажата ја изработиле Тања Рибарска и Глигор Кондовски.
Како изгледа видеото за „Дај ми ДА“ на Мијата, погледнете во продолжение: