Радио Милева

Мијата имаше безброј трансформации, од килограмите до фризурата, но сега е со најдрастичната промена на себе (фото)

Мијата имаше безброј трансформации, од килограмите до фризурата, но сега е со најдрастичната промена на себе (фото)

Македонската пејачка Мијата повторно се активира на забавната музичка сцена, а за таа прилика реши да направи драстична трансформација на својот изглед.

Имено, поводот за промените кај ресенското чупе со скопска адреса, е снимањето на спотот за новата песна насловена „Полетај“, за која Мијата деновиве работеше со Мелем продукција.

Во приказната од спотот таа има изглед на жена амазонка, а уникатниот костим кој го  носеше, вели дека самата го креирала.

фото:фејсбук/мијата

Од приложеното може да се види дека Мијата со текот на годините, постојано има нов изглед и промена на себе.

фото:фејсбук/мијата

фото:фејсбук/мијата

Досега сме ја виделе со повеќе или помалку килограми, како црнокоса, бринета, црвенокоса, а сега се реши да стане и росокоса, а згора на тоа и да носи јамајкански раста суканици кои ги искористи за новиот спот, ама продолжи да си ги носи и во секојдневието.

фото:фејсбук/мијата

За потсетување, примарната професија на Мијата е контролор на летање, а нејзиниот главен фокус во животот е семејството – сопругот и дечињата Калин и Никита.

To top