Новата песна на Наташа Мијат Крстевска – Мијата (MIYATTA), насловена „Маска“ е поп – рок песна, со еден необичен музички набој различен од она што го знаеме за неа. Песна која ја користи тематиката на болеста што нѐ засегна сите како алегорија за изразување на една друга подлабока тема за женските права и слободи, на кои Мијата како самосвесна жена, често им се навраќа.
Музиката и текстот се нејзино авторско дело, а аранжманот го потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха, која ги испеала и придружните вокали, а песната е снимена во „Green Room Recording Studio“.
„Маска“, однеодамна е достапна на публиката и безбедна за слушање, зашто Мијата веќе располага со неопходната доза антитела.
„Видео запис за оваа песна ќе има, се надевам набргу дена ќе почнеме со снимање со Мелем Продукција, зашто уште не се чувствувам вратена целосно во кондиција по прележаната корона“ – вели Мијата.
Во меѓувреме слушнете како звучи нејзината музичка „Маска“ проследена со лирик видео: