Радио Милева

Миа Костова веќе не го води „Бекстејџ“!?

Миа Костова веќе не го води „Бекстејџ“!?

Секој работен ден на „Канал 5 телевизија“ имаме прилика да го гледаме естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што може да гледаме интересни прилози, ексклузивни интервјуа, интересни прашња кои ќе ви го задржат вниманието.

Водителката Миа Костова беше дел од екипата која по најавната шпица ве известуваше што ќе гледате во најновото издание на магазинот.

фото: Принтскрин/инстаграм/миаандрија

Интересни, оригинални и секогаш подготвени да ви откријат што ново има во јавниот свет.

Меѓутоа, Миа повеќе нема да биде дел од естрадниот магазин или барем за сега, пишува Слободен печат, а таа тоа го потврди преку „Инстаграм“.

фото: Принтскрин/инстаграм/миаандрија

Имено, пред некој преку социјалните мрежи таа најави дека нема да биде од „Бекстејџ“ бидејќи сака да им даде предност на помладите колешки.

„Сакам да им дадам простор на нови девојчиња и помлади колешки“ одговори Миа на прашањето зошто нема да биде дел од „Бекстејџ“.

Наводно Миа наскоро ќе се претстави со нов проект, а за што станува збор останува да видиме.

Дали Костова привремно се повлекува од екраните и естрадниот магазин или пак и треба кратка пауза и повторно ќе се врати во полн сјај, останува да видиме.

фото: Принтскрин/инстаграм/миаандрија

Инаку, Миа често е активна на социјалните мрежи и важи за една од популарните инфлуенсерки кај нас, па често преку „Инстаграм“ ги известува своите фанови за активностите.

To top