Радио Милева

Миа Костова позитивна на корона: „Знам кој е контактот, никако не е поврзан со групирањето и журките“

Миа Костова позитивна на корона: „Знам кој е контактот, никако не е поврзан со групирањето и журките“

Поранешната македонска водителка Миа Костова е позитивна на корона.

Таа истакна дека имала симптоми еден ден односно дека имала температура, главоболки и болки во коските.

„Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат ‘ако, така и е’ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките . Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци , фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници па ни пријатели. Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни. Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се “, напиша  Миа на „Фејсбук“, а под објавата се нижеа коментари со поддршка.

фото: фејсбук

Инаку, претходната недела Костова беше на забава  на настап на Тамара Тодевска во еден познат бар во Скопје, па во еден момент  пејачката ја покани на  сцена и заедно заиграа.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/atmosfera-do-plafon-tamara-todevska-imashe-nastap-a-koga-na-scenata-se-pojavi-mia-kostova-napravija-haos/

Но, екс водителката истакна дека не се заразила на забава, туку добила корона од друг контакт, а позитивниот тест го добила еден ден пред нејзиниот роденден.

Миа денес слави роденден, а по тој повод точно во 00 часот  нејзиниот син  и нејзината пријателка Тијана со кои живее и приредија изненадување.

фото: Принтскрин/инстаграм
фото: принтскрин/инстаграм

Имено, во ходникот на домот  на пејачката на подот имаше изнапишано емотивни пораки,  кои кога Миа почна да ги чита ќе се расплачеше, а  на крајот имаше и торта, и подароци од нејзината сестра и од нејзините пријатели – спонзори.

фото: принтскрин/инстаграм

Инаку,  Костова истакна дека се чувствува добро и следните 20 дена ќе биде во изолација. Па, среќен роденден и побрзо оздравување.

To top