Некогашната македонска водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова постојано е активна на социјалните мрежи.
Имено, Миа е некој кој постојано е во контакт со оние кои ја следат и го сакат она што прави. Често се вклучува во живо и разговара на одредена тема, им дава совети на луѓето, им препорачува козметички производи, одговара на нивни прашања…
Овој пат, Миа имаше „задача“ за нејзните следбеници, односно тие да напишат нешто за неа, а таа да открие дали тоа е вистина или не.
„Претпостави нешто за мене, па ќе ти кажам дали е точно или не“, напиша Костова.
Така корисниците на социјалните мрежи беа доста креативни.
„Кралица на виното“, а Миа истакна дека ова е точно – „Во секое време и во секоја пригода“.
Дали внимаваш на исхраната покрај цело тоа јадење?
„Ќе излажам ако кажам дека сега внимавам, што значи се гледа и на мене, ама тоа не ме плаши зошто си го знам карактерот“.
„Гледаш турски серии?“.
„Касандра ја глеав во премиера. Трудна ја гледав Величствениот. Од тогаш тапа“.
„Зависник од кафе“, а Миа откри дека пие едно науто, а некогаш ни едно.
„Никогаш не си знаела како мала дека ќе бидеш на ТВ“, а некогашната водителка откри дека отсекогаш знаела дека ќе биде пред публика.
„Сум знаела секогаш дека ќе бидам пред публика, мислев пејачка, ама немам талент, мораше да бидам водителка“.
„Многу си паничарка“, а Костова одговори:
„За воља на вистината, ич.Во моментот воопшто, ама подоцона… за сите што испаничиле во моментот“.
„Хипохондрик?“ – Страшно. Да не си ми во кожа.
И во најлоша ситуација ќе се насмееш и ќе го решиш проблемот“, а Миа откри дека тоа не е вистина:
„Не! Плачам, барам правда, се расправам, нервозна сум, не спијам, пцујам, додека не решам“.
„Некој кој може да се замисли да живее во Италија“? , а некогашната водителка откри дека тоа е вистинам, велејќи: „Да можам, утре си одам, одма“!
„Еден Камелеон од жена. Кај и да те однесе патот ќе се снајдеш“, а Миа откри дека тоа е точно.
„Не може да не може. Во пустина ќе отворам продавница за песок и ќе се продава“.
„Ги цениш твоите фанови“, а на оваа претпоставка Миа одоговори:
„Фанови? Ма дај, тоа не постои…Не ми е реален зборот. Има луѓе на кои им е забавно и креативно тоа што го правам, ме следат некои од забава, некои од бес. И едните и другите ги почитувам за истрајноста. Ни едните ни другите не се ни фанови ни хејтери. Не сметам дека сум којзнае што за фанови, ниту за некој да се труе со мене цел ден, па да е хејтер. Оние кои се тука со добра намера и поддршка за она што го правам – ги сакам навистина многу и им благодарам за секој убаво збор во инбокс.
Инаку, Миа е од оние јавни личности кои прележа корона и на Инстаграм јавно зборуваше за своето искуство.