Користењето на социјалните мрежи се повеќе ни овозможува да дознаеме за активностите на јавните личности и да откријат дел од приватниот живот.
Некои од нив се премногу зависни и постојано објавуаат што прават и каде се, а некои само се огласуваат кога работата е во прашање.
Некои дури ги користат социјалните медиуми за да бидат инфлуенсери и да промовираат одредени брендови.
Водителката на „Бекстејџ“, Миа Костова често е активна на социјалните мрежи и известува своите следбеници за нејзините ангажмани.
Овојпат таа издвои време за своите фанови кои имаа прилика да и поставуваат прашања во кратките приказни на „Инстаграм“, а таа одговараше.
Еден од фановите ја праша дали размислува за второ дете, а еве што одговори познатата водителка:
„Кога гледам слики од него ме фаќа носталгија, ама не ми трае долго. Значи, за сега не“ одговори Костова.
За потсетување, Миа го има синот Андрија.