Радио Милева

„Ми се јави и ми кажа дека мора да разговараме“: Дарко Лазиќ првпат проговори за аферата на Аца Лукас и Ана Севиќ

„Ми се јави и ми кажа дека мора да разговараме“: Дарко Лазиќ првпат проговори за аферата на Аца Лукас и Ана Севиќ

По тешката сообраќајка, Дарко Лазиќ полека се врака на музичката сцена и наскоро ќе одржи два солистички концерти во „Сава центар“.

Лазиќ првпат проговори во какви односи е со Аца Лукас за кој се шпекулираше дека има љубовна афера со поранешната на Дарко, Ана Севиќ.

„Пред се, што се однесува до пријателите на естрадата, многумина ме разочараа. Кога велам многу, мислам на оние кои ми се правеа пријатели, а ме влекоа на дното. Андреана Чекиќ ја сметам за пријателка за цел живот. На неа ако треба ќе и го дадам срцето, душата, ногата. Тука е и Аца Лукас кого го сметам за добар пријател“ вели Лазиќ.

фото: зорана јевтиќ

На прашањето, дали е во добри односи со Лукас, Лазиќ вели:

„Лукас е многу добар.  И денес знае да ми се јави и да ми посоветува околу нешто. Кога нешто ќе се појави во медиумите, ќе ми се јави и ми вели: „Мора да се јавиме да поразговараме“.Мене тоа многу ме изненади“ вели пејачот.

фото: Принтскрин/пинк

И покрај се што се случуваше со Аца и со твојата бивша вие сте во супер односи?

„Пред се морам да кажам дека не сакам воопшто да зборувам за мојата бивша. Нема да одговарам на ниту едно прашање поврзано со неа. По се што се случи, тој е човек на кој не можеш да му се лутиш. Тој е таков, тоа е тоа. Често ме советува како да сум негово дете“ вели Лазиќ,

Лазиќ истакна дека е во одлични услови и со сопствениците на „Гранд“, Лепа Брена и Саша Поповиќ.

To top