Ванеса Брајант поминува низ тежок период откако остана без својот сопруг Коби Брајант и нивната ќерка Џиџи кои пред повеќе од една недела починаа во хеликоптерска несреќа.
Сопругата на Коби, Ванеса во последните неколку дена на социјалните мрежи постојано дели фотографи и снимки посветени на нив.
Прво објави фотографија од Коби, а во описот напиша:
„Мојот најдобар пријател. Најдобар татко. Многу ми недостигаш. Ми недостигаш да ми кажеш: Добро утро принцезо“.
Потоа објави фотографија од комеморацијата на Џиџи, па и на неа и посвети порака:
„Моја Џиана. Господе, ми недостигаш. Бев толку среќна кога 13 годни се будев покрај твоето убаво лице и насмевка. Сакав да може така до последниот здив. Мајка ти те сака до месечината и назад. Бесконечно“ напиша таа во описот на фотографијата.