Младата пејачка Теа Таировиќ порано ја прозваа дека е љубовница на Шабан Шаулиќ, а сега таа одговори и призна дека Шабан и го променил животот.
Во 2017 година, тие ја снимија дуетската песна „Откад тебе знам“, со која се испровоцира приказната дека теа е новата љубовница на Шабан, и како ја заменила Цуца.
Песната стана огромен хит, а двајцата негираа дека има нешто повеќе од соработка, туку само пријателство меѓу нив. Теа признава дека е благодарна на Шабан што и помогнал на почетокот на нејзината кариера:
– Песната со Шабан Шаулиќ ми го промени животот. Јас сум една од ретките пејачи што успеа да сними дует со него. Таа песна се пее во еден глас на настапи. Ќе остане засекогаш, пејачите сонуваат за таква песна во кариерата, јас ја имам. Бев запрепастена од приказните дека имам врска со него, не знам каков мозок можел да изгради таква приказна. Единствено што имав беше голема почит и песна што остана да ми биде лична карта – ни рече атрактивната пејачка за српските медиуми.