Хормони плафон, мешаница во главата и апетит или аверзија на одредени нешта – период со кој е соочува секоја жена во одреден дел од месецот.
Припадничките на понежниот пол многу добро знаат за каква фаза се работи, а името на ова, накусо кажано се вика ПМС или предменструелен синдром.
На оваа тема не така често се зборува, можеби меѓу женски муабети онака меѓу редови и чисто за опис на моменталната хаотична психолошка состојба.
Тамара Тодевска немаше проблем да каже дека е токму во оваа ПМС фаза, па за да најде решение од својата умствена мешаница и напонатост, спасот го најде во трошење калории и кардио вежби со трчање и пешачење. Не и беше доволно само ваквото празнење, па заврши во теретана.
Оттаму со приложената фотографија и илустрација покажа дека хаосот во глава се уште трае, но со вежбањето малку расчистен.
Сигнал за бегство од сите овој пат беше нејзиното решение. Така беше сега и така се по ред, повторно и повторно со сите женски бубачки во глава.
фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska