Пандемијата со коронавирусот не само што ги затвори кафулињата, рестораните, трговските центри, туку и теретаните и салите за вежбање.
Оние кои имаа практика да спортуваат и тренираат и за време на изолација најдоа алтернативно решение. Така некои вежбаат дома, пешачат, возат велосипед…но едно е сигурно многумина се активираа, па сега речиси сите на некој начин се занимаваат со физичка активност.
Македонската фитнес инструкторка и водителка Снеже Велков вели дека салата за вежбање е нејзиниот втор дом.
Така, таа редовно со девојките од пилатас тренираше. Се додека не доби една повреда на коленото, па мораше да паузира.
Меѓутоа, Снеже им се врати на тренинзите, секако со успорено темпо, но не се откажа од вежбање.
Ни корнота, ни вонредната состојба не ја спречија Снеже да продолжи со пилатас.
Иако не може засега да оди во сала, таа најде алтернативно решение да се стигне, односно да вежба дома.
Неодамна во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели како вежба, а во описот напиша:
„Мерките попуштија, време е да се стегнеме“.
Јасно е како ден – кој сака ќе најде начин да вежба, другото е изговор.