Песната „Еј, да сам мушко“ ја вивна до тогаш непознатата пејачка Сека Алексиќ до ѕвездите, а помалку е познато дека песната првично и била понудена на нејзината колешка.
Имено, композиторот Драган Брајловиќ Браја ја понудил на пејачката Јована Типшин, но таа го одбила.
– Браја ми ја понуди таа песна, го прочитав текстот и некако не се пронајдов во таа песна и го одбив. Не се каам што ја одбив песната, бидејќи мислам дека не требаше да ја снимам јас, туку Сека. Слушнав и дека на некои големи ѕвезди им е жал што не снимиле некоја од моите песни – открила Јована за „Република“, а потоа се навратила на колегите.
– Мислам дека ме минираа индиректно, не директно. Индиректно да и тоа многу од нив. Во текот на мојата кариера се борев сама. Немав кој да ме турка, но фала богу, голем е Господ, ми даде глас и ми дозволи да бидам вредна, ми ја даде таа упорност и тоа што го имам во соработка со сите, јас имам добри односи со сите – додала Типшин.
Фото: Принтскрин/Instagram/jovanatipsin/seka_aleksic