Радио Милева лична одмазда или спас на кариерата?

Менаџерот на Северина ја запознал со новото момче: Лани, по 17 години го откачи како соработник, па откако се смирија и стана и стројник (ФОТО)

Менаџерот на Северина ја запознал со новото момче: Лани, по 17 години го откачи како соработник, па откако се смирија и стана и стројник (ФОТО)

Веста дека Северина Којиќ има ново момче, десет години помладо, од неа по име Томислав Воштиниќ, винар од Иваниќ Град, одекна како бомба во хрватските и регионалните медиуми. Она што многумина ги интересира е како се сретнале новопечените љубовници,  а за тоа, како што се говори на хрватската естрадна сцена, пејачката може да му се заблагодари на својот менаџер Томица Петровиќ.

Откако во јуни годинава ја обнови соработката со човекот со кој лани прво го раскина договорот по 17 години соработка, најблиските луѓе и фанови на Северина беа воодушевени. Сите освен сопругот на Севе, Игор Којиќ. Добро е познато дека тој и Томица не се мирисаа и немаа добри релации, поради што Северина првично и ја прекина соработката со менаџерот минатата година.

Како што тогаш пишуваа медиумите, Петровиќ се изнервирал што пејачката го слушала сопругот и ги следела неговите совети кога станува збор за нејзината кариера.Тогаш Игор ја презеде менаџерската работа на неговата сопруга, закажувајќи ги нејзините настапи и правејќи го она за што Томица беше задолжен дотогаш.

                                                                                                 фото: Драгана Удовичиќ

Сепак, ова лето Севе, која во меѓувреме се расправаше со Игор и не го имаше видено повеќе од половина година, му понуди рака на помирување на својот пријател и соработник, по што и го врати на позицијата нејзин менаџер. Во Хрватска многу се зборува дека лошите односи меѓу сопружниците, наводно  Томица Петровиќ, ги искористил за да ја поврзе пејачката со неговиот познаник Воштиниќ. Заради лична одмазда кон Игор или за спас на сопствената и кариерата на неговата ексклузивка, или можеби обете?

Имено, Томица претходно го запознал винарот преку пријател кој живее на имотот покрај него на Граберје Иванишки и кој се дружи со него. Веднаш му се допаднал на Томислав кој знаел дека и Северина ќе го сака, па организирал средба каде ги запознал. Љубовни искри веднаш се појавиле меѓу нив двајца и  тие продолжиле да комуницираат преку пораки и на социјалните мрежи, а наскоро започнале и врска.

To top