Радио Милева ем наследена, ем надградена убавина

Мелита реши да ја подучи ќерка и како се прави тоа, па ја однесе на вистинско место (ФОТО)

Мелита реши да ја подучи ќерка и како се прави тоа, па ја однесе на вистинско место (ФОТО)

Мајките и ќерките, особено кога овие вториве се во „оние“ години, или се најдобри другарки или лути ривалки. За среќа, Мелита и нејзината Барбара се навистина блиски. Можеби на тоа влијае и разводот и сета медиумска помпа што се крена околу приватноста на некогашната македонска ТВ водителка и џетсетерка, но како и да е, дојде време мајката да ја подучи ќерката на некои работи.

Убавината на Мелита никогаш не и недостасувала… Со или без естетски корекции отсекогаш важела за згодна, атрактивна, сексапилна, пожелна, тип-топ стокмена дама…

Нејзината наследничка Барбара е уште поубава. И заради годините и заради она што и го подарила мајката природа. Сепак, нема женско кое не посакува природниот изглед да го надогради со малку мејкап.

Затоа Мелита реши да го подучи своето девојче, но не самата, туку ја однесе на најдоброто можно место и ја предаде во вистински раце. Зашто неговиот допир, убавината ја претвора во задолство. Во нестварна магија во која изгледот станува ангелски.

Затоа Александар Билјановски – Дадар е еден и единствен… Уметник помеѓу стилистите. А кога уметникот ќе те земе под свое, твоето лице го претвора во вистинско ремек дело.

Мал третман и… И онака евидентната убавина на Барбара, станува фасцинантна и божествена.

Мама Мели не пропушти тоа да го овековечи и сподели моментот со свој коментар. А потоа, секој на своја страна.

Барбара во својот свет, Мелита во својот, со свое друштво… за двајца! Подготвена за нови доживувања и задоволства!

 

To top