За некогашната македонска ТВ водителка и трендсетерка Мелита Ракичевиќ се знае речиси се’. Мелита со својот турболентен живот постојано е тема на муабет: од чаршијата и маалските кафе муабети, преку социјалните мрежи, па се до медиумите кои ја следат и третираат естрадата.
Професионалниот и особено приватниот живот сервирани на послужавник со илјада и една претпоставка и шпекулација и понекоја вистина и реална ситуација… Мелита живее како на филм. Покажа се што треба и не треба. И како изгледа закопчана до грло и пиштол гола, со и без естетски зафати, каде зимува, каде летува, брачната идила и вонбрачните бури, бившиот сопруг и љубовите во минување… Покажа дека знае да биде и пријателка и сопруга и љубовница…
Но и обичен човек, жена и мајка која знае искрено да ја отвори душата за јавноста, како што тоа го стори неодамна во разговорот за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, на пример.
Овој пат Мелита реши да покаже нешто друго. Нешто или поточно некоја, која малкумина ја знаат… Или барем не ја знае пошироката јавност, зашто разбирливо, не е популарна како нејзината ќерка.
Мелита ја покажа својата мајка, Виолета. Или поточно, покажа од кого ја наследила својата убавина и истата преку гените ја пренела на својата ќерка Барбара.
Иако Мелита оддамна јавно покажала колку е поврзана и колку ја сака својата мајка, ова лето реши да го памти, меѓудругото и по тоа што одвои неколку дена да летува заедно со мама Виолета.
Мајка и ќерка седнати крај брегот, впивајќи сончевите зраци уживаат во морето и дружбата, како да се две најдобри другарки…
А кога разговорот ќе запре, секоја го троши своето време на свој начин. Но, едно е и оддалеку видливо и неможе да не се забележи. Раскошната убавина на двете дами, различни по возраст, но еднакво раскошни по својата убавина со која зрачат. Се разбира, секоја на свој начин.
Мама Виолета и мама Мелита – две генерации, две различни убавини, една љубов… за навека!