Поранешната ТВ водителка и позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ својот Инстаграм не престанува обилно го користи како место на кое сите можат да го видат и разберат она што сака да го каже и покаже. Од тоа што прави, со кого е, како го поминува денот, во што ужива, па се’ до тоа кога сака нешто важно да каже со своја мисла или туѓ цитат, сеедно… Важно е пораката да допре таму каде што е потребно!
Ова лето расната скопска убавица го минува во Охрид. Морето го замени со езеро, но не ги смени и навиките… Распиштолена крај езерскиот брег, со коктел в рака да се густира денот темнејќи го тенот, додека така ужива во својата летна идила.
Или можеби во слични пози да ужива во залезот на сонцето зад „езерската земја“.
Сама или во друштво сеедно, Мелита знае што е она што е највредно. А тоа не само што го чува длабоко во себе, во своето срце, туку и го носи на себе, на својата кожа. Се разбира, се работи за најсаканите, а кога се тие во прашање, нејзината убава ќерка Барбара е онаа која е на пиедесталот.
Логично и нормално за секоја грижлива и посветена мајка, детето да и биде се’ во животот… Па дури и нејзиното име да го носи на гради, како што тоа го направи Мелита лани, кога токму таму, на десната страна го истетовира името на нејзината Барабара!
Годинава, ново лето, нова плажа, ама и нова тетоважа. Не оди мајка името на ќерката да го истетовира, а мајка си да ја игнорира, нели? Токму затоа Мелита реши и другата најсакана жена во нејзиниот живот, да ја овековечи на своја кожа!
А мајка како мајка, секогаш за своето чедо ќе биде „жена-мајка-кралица“, па затоа и заслужува круна.
Токму онаква каква што над тетоважата со името на нејзината мајка Виолета, која Мелита ја направи деновиве од другата страна, овој пат над левата града. Својот најнов „body art“ таа го споделила и на Инстаграм приказните, каде во описот ја додала причината за потегот што го направила:
„За мојата мајка, моја љубов, поддршка, пријател, авторитет. Моја кралица, недостижна како личност за многумина“ – споделила Мелита.
Така сега скопската трендсетерка на(д) градите ги носи имињата на двете најзначијни жени во нејзиниот живот: ќерка и Барбара и мајка и Виолета.
За некое машко име тешко дека ќе има место…?! Ни сега, ни тогаш, но…? Никогаш не вели никогаш?
Фото: Инстаграм/melitameli