Првата дама на Америка имаше операција на бубрег во националната болница во близина на Вашингтон, пишува во соопштението.
Наводно Меланија Трамп имала “мали проблеми“ за кои била потребна медицинска интервенција.
Меланија Трамп беше подложена на емболизација за лекување на бенигна состојба на бубрезите. Процедурата е успешно завршена и немаше компликации. Трамп се наоѓа во клиниката во Валтер Рид и се радува што ќе оздрави за да може да продолжи со својата работа со децата, пишуваа во соопштението.