Меган Маркл во интервјуто кај Опра Винфри шокираше со изјавата дека за Хари се венчала три дена пред официјалната венчавка која ја следеше цел свет.
Меѓутоа, во јавноста се појави документ кој докажува дека ова не е вистина.
Станува збор за нивниот венчален документ, што британскиот The Miror го добил од Управата за водење матични книги.Овој документ покажува дека Меган и Хари се венчале на 19 мај во дворецот Виндзор.
„Жал ми е, Меган е лошо информирана и збунена. Не се веначаа три дена претходно пред пред надбискупот во Кантербери. Посебната дозвола која им помогнав да ја соберат им овозможи венчавка во капелата Свети Џорџ во Виндзор на 19 мај 2018. Ова беше официјална внечавка која ја виде цел свет и беше признаена од Црквата и законот“, тврди службеникот.
„Претпоставувам дека тие можеби разменија некои едноставни завети што самите ги напишаа и ги кажаа пред архиепископот, но тоа веројатно беше обична проба“, изјави поранешниот канцелариски службеник Стивен Бортон за „Сан“.