Меган Маркл неодамна даде интервју за документарецот „ITV“ во кое за малку да се расплаче бидејќи вели дека има многу проблеми обидувајќи се да се избори со животот пред окото на јавноста
Војвотката вели дека откако се омажила за принцот Хари и го родила својот син, поминува низ тежок период.
„Фала ти што ме праша како сум“ го започна Меган својот разговор и додава:
„Одамна никој не ме прашал како сум“ вели Меган низ солзи.
Кралскиот документарац е снимен за време на нивното патување во Африка во текот на септември, а водителот ја прашува Меган дали нејзиниот сопруг, принцот Хари премногу ја заштитува поради тоа што се случило со неговата мајка, принцезата Дајана.
„Мислам, не знам… Кога жената е бремена, таа е многу емотивна. Тоа се случува и тоа е нормално. Не можам да ги контролирам своите емоции, чувствувам голем притисок, особено сега кога родив бебе“ вели Меган.
Меган и Хари беа наречени „контраверзни“ членови на кралското семејство кои трошат пари и патуваат со приватни авиони. Она што исто така им пречеше на англиската јавност е тоа што тајно го крстеа нивниот син, но и што Меган им забрани на фановите да ја фотографираат на Вимблдон.
На прашањето дали не се чувствува добро, Меган вознемирено одговори „да“.
Во документарецот, принцот Хари вели дека смртта на неговата мајка кај него оставила голема рана и траума, која никогаш нема да помине.
„Секој блиц на камера ми создава голема анксиозност и е потполно спротивно од она што мислам дека е нормалан и приватен живот. Се чувствувам ужасно. Чувствувам голема напор бидејќи сум член на кралско семејство“ вели во интервјуто и додава:
„Се што правам ме потсетува на мојата мајка. Сакам да ги следам нејзините чекори. Но, тоа што медиумите често пишуваат за мене како член на кралското семејство ме враќа 20 години назад и ме потсетува на лошите работи во оваа работа и овој живот“ додава принцот.
фото: гуливер гети имагес