Фановите на кралското семејство со месеци чекаа на оваа информација, па сега странските медиуми шпкеулираат дека Меган Маркл го открила полот на бебето.
Како што пишува „Daily Miror“, војвотката Меган Маркл на своите пријателки во Њујорк им открила дека носи момче.
Непознат извор тврди дека Маган на своите пријателки Серена Вилијамс, Амал Клуни наводно им открила дека очекува момче, иако во јавност се зборуваше дека не сакала да го открие полот на наследникот.
Претходната недела Меган присуствуваше во Њујорк каде што Серена организираше „baby shower“. Иако ваквото однесување е против кралските правила, Меган сепак примаше подароци за нероденото бебе.
Наводно, приватниот лет за Њујорк го платила Амал Клуни.
Меган и Хари моментално се наоѓаат во Мароко, а најверојатно наскоро војвотката ќе се повлече од јавност бидејќи влегува во осмиот месец од бременоста.