Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл вчера (06.06.2021)станаа родители по вторпат, односно добија ќерка.
Семејството на британскиот пар стана побогато за уште еден нов член, а малиот Арчи стана поголем брат.
Како пренесуваат медиумите, Меган се породила во петок, а за ќеркичката го одбрале името Лилибет Дајана.
Името го добила по кралицата Елизабета чиј прекар е Лилибет и по мајката на принцот Хари, покојната принцеза Дајана.
По тој повод се огласи и кралското семејство.
„Со големо задоволството, принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс ја поздравуваат својата ќерка Лилибет Лили Дајана. Лили е родена во петок, на 4 јуни во 11 и 40 и за неа се грижат лекарите и персоналот во болницата Санта Барбара Котиџ во Санта Барбара, Калифорнија“, пишува во официјалното соопштение.
„Лили го доби името по нејзината прабаба, нејзиното Височество, на која прекар и е Лилибет. Нејзиното средно име Дајана е избрано во чест не нејзината почината баба, принцезата од Велс“, објаснија од кралското семејство.
Според последните информации Меган и бебето се чувствуваат одлично.