Меган Маркл и Хари во текот на вчерашниот ден првпат се сретнале со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон откако војводата и војвотката одлучија да се повлечат од кралското семејство.
Ова е првпат по четири месеци членовите на кралското семејство повторно да се сретнат на едно место.
Британското кралско семејство се собрало да го прослави Денот на Комонвелтот во Вестмајнстерската опатија. Тие влегле во катедралата пред Вилијам и Кејт и ги зазеле своите места пред нив. Потоа се појавија Вилијам и Кејт
Кога Вилијам и Кејт се појавиле во катедралата, Меган и Хари се насмевнале, а Меган весело им мавнала на Кејт и Вилијма, па изговорила: „Здраво …“
Сепак, експерти за говор на телото тврдат дека гестикулацијата на постариот брат не била наклонета.
Како што тврдат, на снимката не се гледа Вилијам да одговара на поздравот на Хари
На социјалните мрежи се појавија многу негативни коментари на сметка на однеусвањето на Кејт и Вилијам.
„Ова навистина ме шокираше, Вилијам и Кејт се многу безобразни“, „Дури и јас морам да признаам дека ова изгледаше многу ладно. Ова не е начин на кој се поздравува братот“, „Кејт потполно ја игнорираше Меган“, се само некои од коментарите.