Радио Милева

„Меган Маркл го врти Хари околу малиот прст“: Бракот им е пред распад – пукнала тешка расправија среде ресторан

„Меган Маркл го врти Хари околу малиот прст“: Бракот им е пред распад – пукнала тешка расправија среде ресторан

Принцот Хари и Меган Маркл уште од нивната венчавка во 2018 година се борат против вниманието на медиумите, кое не стивнува. Сето ова кулминираше кога тие се откажаа од кралските должности овој април и се преселија во Америка, каде планираа да живеат помирен живот.

Но, според списанието „ New Idea “, на нивната идила и дојде крајот. Сè започна со тоа што на принцот му недостига Велика Британија и кралскиот начин на живот, а заврши со расправија во ресторан и документи за развод. Сведок на инцидентот зборуваше за несогласувањата во ресторанот лоциран во нивното соседство во Санта Барбара.

“Додека Меган уживаше во чаша вино, Хари беше видливо фрустриран. Меган е решителна жена и на сите веќе им е јасно дека принцот го врти околу малиот прст. Се чини дека сега веќе му беше доста од сè”, рече жена која вечераше во истиот ресторан како и парот.

 

View this post on Instagram

 

Glad they’re living their lives in sunny California ? they deserve peace and happiness

A post shared by Harryandmeghan_ (@harryandmeghan_) on

Покрај тоа што беше сведок на нивното однесување во ресторанот, се појави и жена која е експерт за говор на тело и самоуверено потврди дека има многу проблеми во бракот на Хари и Меган.

„Во секој разговор на„ Зум “, кој го водеше оваа двојка,„ Меган доминираше, додека Хари гледаше воподот “, рече таа, додавајќи дека Меган дефинитивно е главната во заедницата.

Бидејќи никој од кралското семејство не даде коментар за можен развод, оваа вест сè уште не е официјално потврдена. Сепак, тоа шокираше многумина затоа што Хари зборуваше јавно за тоа колку ужива во Америка пред само неколку дена.

To top