Меган Маркл и Хари го очекуваат своето второ дете, а веќе се прогнозира името на бебето.
Тоа не е ништо ново бидејќи за секое бебе од кралското семејство така се прави во обложовалниците ширум светот, а најмногу во Велика Британија.
Како што се наведува, имињата Александра и Алфи имаат квота 4 – 1, па се на врвот на листата. Дали Меган и Хари ќе добијат девојче или момче, прогнозата е 10 -11.
Понатаму на листата се имињата Елизабета и Филип со квота 6-1, а тоа не ни чудно бидејќи станува збор за баба и дедото на Хари.
Алекс Апати кој работи во обложовалница и честиташе на војвовтката за приновата и вели дека ваквите прогнози ќе бидат актуелни.
Како што пишуваат британските медиуми, во други обложовалниците квотите се 10 – 1 за името Дајана, но и за името на таткото на Меган Маркл, Томас.
Исто така доминираат имињата Дајана и Оливер. Се прогнозира и доколку Меган и Хари добијат ќерка да ја крстат по името на мајката на Меган, Дорија.
Се појавуваат и имињата Изабела, Џорџ, Артур, Грејс, Алберт и Филип.
Инаку, бритнаксите медиуми исто така пишуваат дека Меган и Хари ќе бидат гости гости во емисијата на Опра Винфри каде што ќе зборуваат за напуштањето на кралското семејство.