Радио Милева екстравагантен изглед

Меган Фокс во проѕирен црн фустан го откри нејзиното никогаш побујно деколте (фото)

Меган Фокс во проѕирен црн фустан го откри нејзиното никогаш побујно деколте (фото)

Атрактивната бринета веќе подолго време ја интригира јавноста, како со нејзиниот емотивен избор, така и со физичкиот изглед кој се подрастично се менува.


Познатата актерка Меган Фокс овој пат, воодушеви со својот екстравагантен изглед на гламурозната забава на магазинот „Sports Illustrated“ во Њујорк, а пристигна во придружба на раперот Машин Ган Кели.

Меган позираше во проѕирен црн фустан кој во преден план го откриваше нејзиното никогаш побујно деколте. Свилениот дел од црната креација и ги прекри само нозете, додека горниот дел ја раскажа својата приказна, а многумина тврдат дека Меган повторно ги зголемила градите.

Меган неодамна ја промени и бојата на косата, од црна во портокалова, што целосно ја освежи.

И покрај тоа што контроверзниот пар наводно ја раскина свршувачката на почетокот на годината, а се шушкаше дека Кели ја изневерувал актерката со гитаристката од неговиот бенд, на црвениот тепих заедно пристигнале насмеани, прегрнати и видно вљубени.

Фото: Принтскрин/Епа Имаџес/Твитер

To top